Трилогијата „Против“ (прогрес, љубов и демократија) на современиот шпански писател од каталонско потекло Естев Солер (Esteve Soler) инстантно влезе во фокусот на многу театарски куќи во светот. Инспирирана од големите дехуманизирани градови каде што бракот е склучен како договор на одредено време, каде мултинационалните компании воспоставуваат свои религии, Солер стана име што не може туку така да се прескокне. Тој е еден од најпреспективните современи драмски автори во Европа. Критичарите го нарекуваат „Јонеско на 21 век“, а воедно е добитник на најзначајните награди за драматургија како што се „Годо“ во Франција и „Сервантес“ во Шпанија.
Темата на преставата e демократијата и демократските вредности во кои нашето западно општество денес се колне. Но, авторот навлегува под површината и ги разработува следните прашања: Што навистина значат овие зборови? Живееме ли ние воопшто во согласност со нив? Дали тие вредности се вистински или пак сме во протест/ конфликт со нив, односно дали сме “против демократијата”, “против прогресот” и “против љубовта”? Дали живееме во “вистинска демократија” или пак ова е само нешто што личи на неа? Инспириран токму од овие разлики, Солер сездава седум неочекувани таеатрски скечеви испирирани од жанрот Grand Guignol. Театрски жанр кој се појавил во 19 век, а подразбира кратки приказни кои ја прикажуваат монструозната природа на нашето време преку хорор и надреалистична фарса.
Преку седумте смешни и –истовремено- застрашувачки сцени, авторот се обидувa да ни ја посочи воочливата разлика помеѓу „човечкиот напредок” и “финансискиот напредок” во рамките на демократското опшество. Тој пишува сцени каде ликовите-претставници на „моќта“ бескурпулозно ги користат сите средства, вклучувајќи го и “јазикот” како алатка за да ги дезориентираат, а по потреба и монструозно физички елиминираат ликовите кои им стојат на патот кон „напредокот“. Тој пишува стилски парадоксални ситуации каде апсурдот, хорорт, хуморот и политичкиот театар се смешани во едно. Сето ова ја држи публиката во текот на целиот процес на преставата во критички набој, помалку изненадена од формата на претставата, но во исто време и забавувана.
Екстремната театрска форма, овој збир од комедија и хорор, е избрана со цел да се разбудат сетилата на луѓето од непосредноста и рутината на секојдневието. Целта на преставата е да шокира и испровоцира што пожестока реакцијата кај публиката, да создаде различни мислења и да се покрене дебата за темите во текстот: за тоа што значи демократијата, напредокот и љубовта денеска?
Дебатата мора да се случи сега …!
Најпосле гледачите ќе имаат пред себе визуелно богата претстава со исклучително оригинална форма и хумор, која зборува за блиски теми на еден невообичаен, но современ театарски јазик. Изборот на овој материјал, добрата екипа и точното визуелно-сценско решение ветува атрактивен проект, кој гарантира посетеност и интерес кај гледачите.
Театaрски режисер
Дејана Николовска
Проект на Здружение на уметници К.Ц. Медиа Артес, поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и Министертво за култура на Република Бугарија.
Режија: Дејана Николовска
Играат: Игор Ангелов, Јасмина Билаловиќ, Дениз Абдула
Сценографија и костимографија: Милена Пантелеева
Композитор: Гаро Ашикјан
Композитор: Гаро Ашикјан