Младинскиот културен центар – Скопје ви ја претставува најновата изложба на Филип Фидановски. Изложбата е со наслов „ПРИЧИНА“. Делата за оваа изложба се направени во 2017 година и дел во 2018. Дeлата се изработени во повеќе различни техники, дигитален принт, фотографија, керамика, принт на платно… Најновата изложба на Фидановски не е изложба што досега сме навикнале да ја гледаме. Станува збор за нов израз на авторот, овој пат ангажирана уметност. Политиката и политичарите асоцијативно, а некои и експлицитно ставени во контекст на едно гледање на моменталните општествени прилики и неприлики во Македонија. За политичарите минати, сегашни и идни, за аномалиите во културата и општеството. За лажните вредности што ни се наметнуваат од проектот Скопје 2014. За слободата, која ја нема повеќе. По малку сатирична и повеќе реална изразност на авторот во своите дела. Но многу трагична, бидејќи е исто така многу вистинита реалноста симболички прикажана во делата на Фидановски. На изложбата ќе бидат прикажани 13 дела со различна димензија, дел се триптих, полиптих и комбинирани инсталации.
ФИЛИП ФИДАНОВСКИ
Роден во Скопје 1977 година, Р. Македонија.
Дипломира во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија, Р. Бугарија.
Во периодот од 2003-2008 година работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, Р. Македонија.
Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје, Р. Македонија.
Од 1995-2015 година учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет.
Учествува на голем број уметнички симпозиуми во Македонија и странство.
Добитник е на следниве награди:
2000 – Трета награда за млад автор на Петтото интернационално биенале за керамика, Каиро, Египет (Бронзена плакета);
2007 – Награда за скулптура „ЈОРДАН ГРАБУЛ“ на ДЛУМ;
2015 – Награда за скулптура мал формат „ДИМО ТОДОРОВСКИ“ -ДЛУМ;
Самостојни изложби:
2002 – Скопје, Музеј на Град Скопје, Фестивал Скопско лето, Р. Македонија;
2004 – Скопје, Културен центар Точка, Мултимедијален проект, Р. Македонија;
2004 – Скопје, Национална галерија на Македонија, Чифте амам, (со В.Осојнички и К.Џидров), Фестивал Скопско лето, Р. Македонија;
2006 – Скопје, Музеј на современата уметност, Р. Македонија;
2007 – Софија, Културно-информативен центар на Р. Македонија во Р. Бугарија;
2009 – Кавадарци, градска галерија, Дом на културата Иван Мазов – Климе, Р. Македонија;
2009 – Велес, градска галерија, Музе – завод на град Велес, Р. Македонија ;
2009 – Тетово, уметничка галерија Тетово, Македонија;
2009 – Белград, 15-то Биенале на керамика, Белград, (гостување со самостојна изложба) галерија КУЌА ЛЕГАТА, Белград, Р. Србија;
2010 – Скопје, Галерија 8, Скопје, Р. Македонија;
2013 – Скопје, Галерија „Лазар Личеноски“ при ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, Р. Македонија;
2016 – Скопје, Музеј на град Скопје, Р. Македонија;
2017 – Скопје, ЕУ- инфо центар, Скопје, Р. Македонија.