На 22 декември во 20.00 часот ќе биде отворена изложбата на Весна Бајалска, родена во Белград (Југославија) во 1956 година. Студирала сликарство на Факултетот за применети уметности во Белград (1975-1980), живее и работи во Париз – Франција. Досега таа има излагано низ целиот свет а на македонската публика по седумнаесет години повторно ќе се престави со триесетина дела во маслена и комбинирана техника, работени последниве десет години.

За Бајалска Глигор Чемерски ќе истакне:
Весна Бајалска е белградско дете чии предци дишеле солунски воздух, родителите и биле загледани во Рациновите мугри, а еве таа самата веке неколку години секое утро ја тутка на себеси ефтината пластична кабаница за да се заштити од оние црни париски додждови без кои секоја уметничка биографија изгледа по малку несигурна. Тие податоци веке го цртаат пред нас оној растреперен Одисејски профил на скитник кој до скоро беше привилегија или проклетство резервирано за машкиот род. Сликарот, меѓутоа (Господ ќе знае дали со право или не), изгледа дека не се грижи за другите потекла или за другите биографии освен за тие сто тој самиот ги создава. Изгледа дека Весна тоа и не сакајки го насетила. Наспроти младоста, или токму заради нејзе, Весна чекори по високо поставената жица на сликарската вратоломија со храбра сигурност на сонувач. Таа ја изнаоѓа својата рамнотежа, понекогаш и со мака дури и грчевито но секогаш толку неизбежно сто нејзините слики со сопствената уверливост ни ја вракаат разнисаната сигурност сто како гледачи сме ја загубиле во мигот на тетеравенјето. Ми изгледа дека во тоа го препознавам Весниното сликарско Јас, изразено уште од најраните почетнички слики во кои портретите на нејзините најблиски извираат од некаква згусната темница, од некаква смола на нокта во која болно се дише. Ова чепканје по темнината, ова бунтовно скитање помегу црното и лилавото таа по малку раскриена светлина која како да ги покажува своите оштетувања, ги чувам и ми се чини се уште носат нешто во себе од човечките рани. Весна сака да слика. Мислам дека некои нејзини платна во голема мерка се насликани со прстите. Сега, кога во видливото зреење и едреење, Веснините “пејзажи на потеклото# неизбежно се престоруваат во оној радикален “пејсаж на сликата# кои како ништо друго да не паметат, нам ни станува јасно дека скокот е сторен. Весна влегла во светот на густината во која живее сликарството.

 

Сподели