Поетската збирка „Песме које се цртају“ („Песни што се цртаат“) од Зорица Лојпур Богдановски, (5.8.1949 – 20.4.2016) во издание на Библиотеката „Вук Караџиќ“ од Крагуевац, Србија, ќе биде промовирана на 20 декември во 20 часот во галеријата на МКЦ.

Во текот на 35 години работа во МКЦ Зорица Лојпур Богдановски организирала голем број дебитантски изложби и други медијски проекти на млади, пред сѐ македонски уметници. Најголемиот број од текстовите во каталозите на тие изложби го носи нејзиниот потпис, а Ликовната галерија на МКЦ била во тој период една од водечките галерии во Скопје. „ПЕСНИ ШТО СЕ ЦРТААТ“ („ПЕСМЕ КОЈЕ СЕ ЦРТАЈУ“) е нејзина прва и единствена објавена книга.

Книгата ќе ја претстави писателката Румена Бужаровска. Поетесата Магдалена Хорват ќе прочита избор од песните на Зорица Лојпур Богдановски.

Сподели