По повод 51 година од катастрофалниот земјотрес кој го погоди нашиот сакан Град, спремивме пригодна програма.
25 & 26 јули // МКЦ СКопје
концерт, филм(ови), изложба
Почеток 21:00
Влез СЛОБОДЕН!
Дизајн на постер: Бука
Фотографија на Мила Станоевска
25 јули [концерт]
TI, DOJO & Lepi Xhoni
26 јули [кино]
r e : v o l t # 2 (Стефан Сидовски, Fighting Windmills 1977/2014)
Град на човечко препознавање (Трајче Попов 1972)
26 јули [изложба]
Одбрани дела на Томе Мишев
__________________________
25 јули
ТИ (Белград, Србија)
На почетокот на 2014, белградското дуо ТИ ги почести фановите со првото долгосвиречко издание насловено „Видимо се“. Албумот во самиот старт ги освои срцата на (се побројната) фан база, но не ја остави рамнодушна и критиката во целиот регион (линкови во прилог).
Албумот содржи девет сонливи, емотивни, речиси хипнотички песни. Како и во претходното издание, и ова изобилува со заразни гитарски мелодии одсвирени од страна на Илија Дуни, пријатни бас мелодии одсвирени на синтисајзер, и фин ритам кој Трајче Николовски го диктира на својот електронски тапан.
ТИ не ве оставаат рамнодушни, нам во МКЦ ни се еден од новите омилени бендови, а „Видимо се“ слободно може да претендира да биде албум на годината.
Рецензии:
http://www.terapija.net/
http://www.terapija.net/
http://afirmator.org/
http://
http://kultivator.hr/
http://www.nin.co.rs/
http://www.mladina.si/
http://stereoklip.com/
http://www.ravnododna.com/
http://www.potlista.com/
DOJO (Нови Сад, Србија)
Dojo е songwriter/lo-fi/филмско/
Под псевдонимот DOJO се потпишува новосаѓанката Дуња Дачиќ, а доколку ви се интересни Thom York, Pj Harvey, Grimes, Bat for Lashes, Patti Smith, Nina Simone, Philip Glass, John Williams, Massive Attack и слични изведувачи, тогаш и оваа млада симпатична дама ќе го задржи вашето внимание.
Музика: https://soundcloud.com/
Видео: http://vimeo.com/39329836
Социјални мрежи: https://www.facebook.com/
Интервјуа: http://www.mixcloud.com/
Lepi Xhoni (Скопје, Македонија)
Lepi Xhoni е соло проект на ултра креативниот и емотивен Љупа Ангелов (The John) во друштво на неговата гитара и пар електронски геџети стационирани во популарното скопско DownTown студио.
После долго време Lеpi Xhoni ќе ја истопори цела опрема на бина и ќе ја соголи душата пред гладната скопска публика. Синглот Среќа од изданието „Песни“ [PMGrecordings 094] е избран за македонски сингл на годината според стотројка. „Песни“ може да се слушне на следниов линк - http://
__________________________
26.јули
r e : v o l t # 2 (Стефан Сидовски, Fighting Windmills 1977/2014)
re:volt е омаж и посвета на „Револт“, аматерски филм кој Стефан Сидовски го снимил во 1977 година во Скопје, Македонија. Замислен е токму како омаж и посвета за да се трансформира во точка на повторливост: повторна продукција, повторно вложување, повторно оживување, повторно испитување.
Замислен е токму како омаж и посвета за да се креира платформа која ќе овозможи и понатаму центрифугално да се шири неговата енергија, неговата свежина и страст.
https://www.facebook.com/
http://
Град на човечко препознавање (Трајче Попов 1972)
Производство: Вардар филм – Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 44 минути
Филмот е посветен на Скопје, на неговиот развој низ векови, на борбата против разните окупатори и природните стихии, за посетите на претседателот Тито, за сè она што било значајно во неговиот развој.
____________________________________________________________________________________________________
Изложба од избрани дела од академскиот сликарТоме Мишев.
Мишев е роден 1958 година во Струмица. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Скопје. На македонската ликовна сцена се истакнува како автор на препознатливи дела со експресионистичка и лирска aпстракција.
Самостојни изложби:
1999 Софија (Бугарија) „Досев Галерија”
Скопје КИЦ ( културно информативен центар)
Струмица Уметничка Галерија
Куманово Центар за култура
2002 Скопје КИЦ
2003 Бања Лука Република Српска ( БиХ) Музеј на современа уметност
2004 Сараево (БиХ) „ Сраевска зима 2004″
2005 Нирнберг (Германиј) Градска куќа Шварценбах (Германија)
2006 Венце (Франција)) Галерие ла Поинте Бадине
2007 Скопје Национална галерија на Македонија
2009 „Арт М галерија” Неготино
2010 Кавадарци град на културата Музеј галерија
2014 Струмица НУ Центар за култура „Антон Панов”
2011 Скопје перформанс „види музика слушни слика добиј книга”
Секоја средба со македонската модерна уметност, одново и одново води до мислатадека оваа земја е наследник на голем број расни уметници со индивидуална вокација, кои со силата на нивниот природен талент успеале да се приклучат во ексклузивниот сегмент на Европска уметност. Сликарот од помладата генерација Томе Мишев, се надеваме, оди по тој пат. Во тековите на уметничкото создавање, Мишев се вклучува во средината на деведесетите години, кога на овие простори уметниците сеуште не ги следат тековите на глобализацијата, туку се потпираат врз филизофијата на осумдесетите и трансавангардата. Уметниците како номади талкаат во минатото, како би нашле импулс и упориште за создавање на свои нови светови врз искуствата на нивните претходници. Мишев силно субјективно, промислено, ја реинтерпретира традицијата, водејки сметка за личната поетика, сопствените ставови и своите чувства. Неговото дело е најблиску до нов тип експресионизам , кој се темели на најдобрите традиции, а истовремено наслушувајќи ги сигналите на своето време. Инспиративните стимуланси го одразуваат поднебјето од кое потекнува, богато со боја, топлота, раскошна светлина која сонцето несебично му ја дарува. Меѓутоа, поднебјето за него не е само пејзаж, туку тоа се и ликови кои се инкорпорирани во просторот и атмосверата. Овие платна ја носат возбудата и радоста на сликањето а тоа е да со посредство на боја на платното се пренесат емоциите.