Ни претставува чест да ви ја претставиме самостојната изложба на хонгконшкиот уметник Хао Лап Јан Бенџамин, насловена „Едно поубаво место“. На оваа изложба ќе бидат претставени дела од неговите последни серии: „На пат“, „Земјена книга“, „Три свети планини“ и „Хонгконшка хартија“.

Уште од 2011-та, Хао како медиум користи почва и други природни материјали. Овие дела го откриваат неговиот интерес и обмислување на односот помеѓу луѓето, природата и урбанизацијата.

„Хонгконшка хартија“ е колекција листови хартија, рачно изработена од дива трева што расте во Хонг Конг. Текстурата, структурата и боите на влакната на тревата можат да се наѕрат на листовите, што ги прави поинакви од обичната бела А4 хартија. Со ова го откриваме влијанието на глобализацијата и конзумеризмот во општеството и во секојдневниот живот.

Во оваа серија дела, тамошната природна почва е употребена во еден дел од принтот на кој е претставена улица. Така се добива чувство на надреалност, при што различните земјени бои се наоѓаат меѓу дигиталните пиксели и природните пигменти. Ова е одраз на односот помеѓу луѓето, урбанизацијата и природата.

Наслови на делата: Бор, Меѓу планините, Нема место за враќање, На пат, Пикселизирано растение, Вртење десно, Патување по прастара патека, Брда зад реката, Фантастичен предел. Имиња на растенија: Морска салата, детелина, бор, кинески таро, лист од банана, весларка, свилена трска, карка трска…

Изложбата е во организација на Друштвото за македонско – кинеско пријателство и соработка.
Отворање во 19 часот.

Сподели