Во четврток, 12 март, 20 часот, во галерија МКЦ, Скопје, ќе биде отворена изложбата на Ване Костуранов насловена “Улица љубов”.
Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров.
Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом. – Н. Маџиров.
Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство петнаесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 9 самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.