Драги деца продолжуваме да играме во стимулативна средина!
Драго ни е да ве информираме дека во периодот на месец март и април, во континуитет ќе се одржат неколку работилници наменети за деца од 3 до 5 години финансирани од Град Скопје. Првата работилница веќе се одржа на 14.3.2018, а следната ќе се одржи на 28.3.2018 (среда).
„Играме во стимулативна средина“ е планирано време за една опуштена, забавна и едукативна игра. Во Детскиот креативен центар МКЦ ќе се искреира една интересна стимулативна средина, каде што децата од 3 до 5 години, преку игра ќе ја практикуваат фината моторика и моториката на целото тело (груба моторика). Играта стимулативно ќе делува и на физичкиот и на менталниот развој. Етапно, од динамички активности ќе преминеме на активности со кои ќе допреме до веселата математика. Зборувајќи за добро познатата дрвена кукла Пинокио ќе го практикуваме асоцијативното учење. Со поставување на детето во процес на игра тоа ќе зборува на јазик, кој е разбирлив и задолжителен за секое дете. Со проблемски ситуации ќе го поддржиме неговотo функционално знаење и способноста за решавање проблеми за на крај да завршиме со високо ниво на задоволство и наградување на вложениот труд.
За ова време детето ќе се чувствува:
- Забавно
- Исполнето
- Дружељубиво
- Поврзано со останатите
- Прифатено
- Функционално и со самодоверба
- Способно
Напомена – пријавувањето е задолжително! Учеството бесплатно!
Играта ќе ја водат Александра Гилевска и Кристина Лефкова, психолози, кои љубовта за работа со деца ја надоградија со специјализирани семинари за работа со деца, а праксата ја извршуваат секојдневно.
Доколку вашиот избор е да вложите на овој начин во вашето дете можете да го пријавите на следниот mail:
igramevostimulativnasredina@gmail.com
или да се јавите на МКЦ – Детски креативен центар 3115225 л. 114
078/383-123 Александра или 071/218-787 Кристина
Се гледаме во МКЦ!
* Во тек е реализација е драмската работилница во која се подготвува уште еден проект финансиран од Град Скопје (претставата МОЕТО ДРУГАРЧЕ ОД ПЛАНЕТАТА ГРАШОК). Подготовки ќе се прават и за проектот РАСТЕМЕ СО КЛАСИКА, кој ќе се реализира во месец април, проект финансиран од Град Скопје.
*Во месец март се прават подготовки за реализација на проектите финансирани од Министерството за култура:
- Арт и музикотанцова терапија за деца со посебни потреби на возраст од 3 до 10 години;
- Обука на наставници за деца со посебни потреби.