Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар работи од 1997-та година и опфаќа деца од најмала па се до 12-годишна возраст. Тука децата низ игра и дружење ги развиваат своите способности за креативност, ја поттикнуваат и развиваат нивната индивидуалност како и потребата за колективна работа и споделување на предметите со другите деца без разлика на нивниот социјален статус или религиозна припадност. Програмата има за цел да ги поттикне родителите да го поминат слободното време со своите деца, во еден за децата убаво уреден и импресивен простор кој изобилува со многу нагледни и дидактички средства и пораки преку кои и родителите и децата имаат можност да осознаваат и учат нови содржини. Во центарот работат балетското, драмското и ликовното студио кои се постојано отворени за прием на нови членови, а во текот на годината ги одбележуваме значајните датуми како и др. проекти преку кои децата учат и совладуваат разни техники за работа.

Во текот на оваа учебна година сите овие студија работеа на одредени програми па по тој повод би сакале да ве информираме дека членовите на Драмското и Балетското студио од Детскиот креативен центар – Скопје за крајот на училишната година ја подготвија претставата БЕЛИОТ ТИГАР која премиерно ќе се одигра во сабота на 31.05.2014 год. во 12 часот во Џебното кино на МКЦ. Ги покануваме сите заинтересирани родители со нивните деца заедно да ја проследиме програмата која тие ни ја подготвија. Покрај претставата ќе имаме можност да ја погледаме и годишната изложба која ја подготвија редовните членови на Ликовното студио на ДКЦ.
За сите заинтересирани влезот е слободен.
Младински културен центар
Џебно кино, 12 часот
31.05.2014год.

Се гледаме во МКЦ.

Сподели