Изложба на фотографии: ГЛЕДАЈ ВО ПОЗИТИВ

Наке Батев ќе се престави со фотографии на тема ВТОРА ШАНСАТомислав Георгиев EFFEGIES  и Огнен Теофиловски И ЈАС ИМАМ СОН.

ВТОРА ШАНСА
Фото/Наке Батев
„Со дрогата се сретнав во средно училиште. Станав зависник од хероин на 17 години. На 24 години бев осуден на две години затвор за поседување дрога. Оттогаш се се распаѓа во мојот живот“, сведочи Мац кој е фризер, роден 1982 година. Мац е отфрлен од родителите и од најблиските. Не добил никаква подршка за надминување на проблемот. Оставен е во руинирана куќа во градска населба, да се снаоѓа сам…

EFFEGIES
Фото/Томислав Георгиев
Луѓето во Македонија треба да сфатат дека разновидноста е факт и прифаќањето е неопходно ако сакаат да бидат рамноправен член на ЕУ и современиот концепт на општеството. Ова е една од новите перспективи и ако земјата ја прифати и ја поддржува, таа ќе стане регионален лидер во оваа област, давајќи им пример на своите соседи кои се повеќе или помалку на исто ниво на развој во однос на заштитата и промовирањето на ЛГБТ права. “Effegies” е концепт за збирка на портрети, генерирани со причина, презентирани со провокација со цел на интеракција, како протест на стероитипите во нашето општество.

И ЈАС ИМАМ СОН
Фото/Огнен Теофиловски
Во близина на хотелот Александар Палас спроти ултра луксузна куќа до поранешната дива депонија во мала картонска кутија поделна на соба и мало претсобје живее шестчлено семејство. Ферди кој има 34 години и Фатмира која има 30 години и нивните четири деца. Ферди  е скопјанец, македoнски Ром кој ги има сите потребни документи, додека мајката Фериде е родена во Скопје, а преселена со семејството во тогаш Генерал Јанковиќ, село во округот на Урошевац, во јужниот дел на Косово, сега Хани и Елезит. При преселбата за време на конфликтот на просторите на поранешна СФРЈ во деведесеттите и се губат сите документи, како и нејзиниот идентитет.

 

Сподели