На 12 ноември во Галертијата МКЦ ќе биде поставена инсталацијата на Атанас Атанасоски насловена „ВЕТРОГОН„.
Инсталацијата – објектите се направени од растение – трн, во народот познат како Ветрогон, интересно е тоа што напитокот од трнот се користи како лек за простата а познат е и како „природна Вијагра„.
Роден на 30. 01. 1961 година во Прилеп. Дипломирал 1987 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Посдипломски престој на ФЛУ во Будимпешта 1992-95 година. Докторирал на: Институтот за национална историја во Скопје во 2010 година на тема: “Историско-уметничките аспекти на орнаменталните мотиви во ѕидното сликарство на спомениците во Пелагониската епархија од XII до XVII век”.
Избор на самостојни изложби:
1994 – Будимпешта (Унгарија), Галерија на ФЛУ Будимпешта.
- Прилеп, Институт за старословенска култура,
1995 – Скопје, Салон на ДЛУМ, “Лисја”, инсталација
1996 – Прилеп, Маркови кули, “(Ре) Мапирања”, светлосна инсталација
1998 – Скопје, Музеј на современа уметност, амбиентална инсталација “Ѕидови”
- Битола, Уметничка галерија, амбиентална инсталација “Влегувајне во Јени џамија”
2006 – Скопје, Национална галерија Чифте Амам, “Поткуполни објект”
- Битола, Културен центар Магаза, “Подвижни таписерии”
2012 – Скопје, Музеј на современа уметност, “Орнаменти”
2014 – Софија (Бугарија), Културно информативен центар на Р. Македонија во Софија, “Дискурси на орнаментот” со Марина Лешкова
- Прилеп, Галерија при домот за култура, “Бос по трње”
- Скопје, Галерија МКЦ, “Бело за бела ноќ”
2015 – Скопје, Галерија МКЦ, “Ветрогон”