Дваесет млади уметници ќе се сретнат со цел да ја покажат својата работа во галеријата на МКЦ во Скопје, Македонија. Половината од нив доаѓаат од Дрезден, Германија и во својот багаж ги носат своите дела, кои ќе ги изложат заедно со делата на студентите од Факултетот за ликовни уметности од Скопје. Разговорот за уметничките позиции може да поттикне размена на идентитети, кои се туѓи и далечни на хоризонтот на времето и просторот, на политички погледи и индивидуални убедувања, но сепак блиски заради фактот дека тие се дел од новата генерација. Сѐ уште без име, оваа генерација, како сведок на глобализацијата и виртуелизацијата, има огромна потреба да го реконструира нефункционалниот систем на верување.
Уметниците не можат да влијаат директно на политичките одлуки на своите влади и се соочуваат со секојдневните проблеми како и сите останати, но имаа способност и морална одговорност да остварат контакт на културно ниво, особено во време кога политичките тензии во светот ќе згуснат. Таму каде што постои потреба и можност за слободно изразување, да се претстави и промени нечиј светоглед, таму постои и можност тоа да се оствари. Така и оваа соработка помеѓу Скопје и Дрезден, теоретски ги нуди сите можности за културните активисти од двете страни. Ние искрено се надеваме дека со нашето доаѓање во Скопје градиме двонасочен мост и со тоа ги каниме младите уметници да учествуваат во културниот живот на Дрезден, Германија и централна Европа. Како просперитетни уметници, ова е нашиот придонес во балансирањето на другата, не толку флуидна сфера на интеракција како што се економијата и политиката, до кои ние немаме директен пристап. Соочени со мистериозната магла на иднината, ние како креатори на новата генерација на оваа планета, време е да се спознаеме меѓусебно.