Изложбата „Американскиот поп-арт“ изложува повеќе од 100 графички дела од шест американски поп-арт уметници: Рој Лихтенштајн, Роберт Раушенберг, Џон Чемберлејн, Енди Ворхол, Том Веселман и Џејмс Розенквист.
„Поп-артот е движење во уметноста чија основа се базира на рушење контрасти. Многу критичари сметаат дека во поп-артот се најиновативните пристапи во уметноста на 20 век, особено во компарација со кубизмот, додека дел од критичарите пак, сугерираат дека не станува збор за уметност воопшто. Од една страна, поп-артот се занимава со чести, секојдневни, тривијални теми, додека од друга страна има потреба од ригорозни филозофски испитувања на условите во кои се создава уметноста, уделот на производството на самата уметност, така што сето тоа води до сериозна дискусија за крајот на модернизмот, па дури и самата уметност.
Поп-артот се појавува во време кога апстрактниот експресионизам доминира во уметноста – последното големо движење, и првото што се појавува на американска почва. Со апстрактниот експресионизам уметноста станува голем бизнис и форма на забава, додека хероите (Џексон Полок, Вилхелм Кунинг, Марк Ротко и други) се турнати да играат улоги на поп и рок-ѕвезди, кои во голем дел завршуваат трагично, како жртви на сопствениот успех. Младите поп-артисти сакале да успеат во овој контекст, но затоа морале да ризикуваат да уништат сѐ врз што се темели апстрактниот експресионизам и целата западна традиција во уметноста, и покрај фактот што на почетокот токму тоа е нивната почетна точка“.
Ернест Женко, доктор на науки
„На крајот од 50-те години поп-артот се појавува во полн ек во САД, каде што уметниците прикажуваа слики од популарната култура за да се потенцира универзалноста и потрошувачкиот менталитет на американското општество. Почетокот на поп-артот во САД е претставен со дела на Роберт Раушенберг и Џаспер Џонс. Вториот произвел две рачно обоени бронзени конзерви од пиво во 1960 година како одговор на коментар на Де Кунинг, кој сметал дека дилерите на уметнички дела можат да продадат сѐ, па дури и две конзерви од пиво. Бидејќи употребил бронза метријал, двете конзерви биле поблизу до уметнички дела отколку до „потрошен“ материјал. Енди Ворхол пак оди и чекор подалеку, на неговата прва самостојна изложба изложува 32 слики од конзерви на Кембел супа и на тој начин го привлекува вниманието на една карактеристика заедничка за сите Американци: немилосрдната изложеност на популарни слики.
Поп-артистите биле инспирирани од секојдневниот живот и ги поткренале тривијалните мотиви во уметнички форми. Тие ги промениле трагичните животи на американските ѕвезди, хероите од стриповите, статичноста на конзервите, скулптурите на старите машини, зголемените слики на воените авиони и „празните“ слики и од сето ова создаваат икони што станале бесмртни“.
Петра Мракич
Изложбата е во сопственост на Жива Шкодлар Вујиќ и Лазар Вујиќ од Љубљана. Продуцент на изложбата е Михајло Несторовиќ.