Град Скопје ги известува уметниците што живеат и работат во Скопје дека во соработка со ЈУ „Културно информативен центар (КИЦ)“ е распишан отворен повик за уметнички престој во Скопје, во периодот од 20 мај до 20 јуни 2019 година, како дел од активностите на европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org), поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.
Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници: еден уметник што живее и работи во Скопје и еден уметник што доаѓа од 11-те градови-учесници во проектот CreArt.
Уметниците треба да работат во просториите на „Културно информативен центар“ во периодот од 20 мај до 20 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:
• Организаторот (Културно информативен центар) ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот што доаѓа од мрежата на градови CreАrt, трошоци за престој до 400 евра, а ќе бидат обезбедени материјали за работа во износ не поголем од 500 евра;
• За уметникот што доаѓа од Скопје, организаторот (Културно информативен центар) ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневните трошоци до 100 евра и ќе бидат обезбедени потребни материјали за работа во износ не поголем од 500 евра;
• Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата;
• Избраните уметници ќе ги користат просторните и техничките капацитети на „Културно информативниот центар“;
• На крајот на престојот ќе се организира изложба на двајцата уметници со уметничките дела направени за време на работниот престој во “Културно информативниот центар“.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
Апликантите мора да обезбедат во еден PDF документ:
• Лична карта или пасош (скенирана копија);
• Кратка биографија и целосно портфолио со уметнички дела;
• Краток предлог-проект (една страна од А4)В
• Графичка документација поврзана со престојот
Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на online апликација на следниот линк: online апликација
Рокот за пријавување е до 20 април 2019 година.
* CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми.