Град Скопје како партнер во овој проект, со гордост може да објави дека квалитетот во творењето на нашите уметници/куратори ќе биде видлив надвор од границите на нашата држава.

jovanka popovaЗа куратор на Европската изложба“ на тема Tретиот простор“, која ќе се движи во три европски града започнувајќи на 22 мај од Загреб (Хрватска), Клермонт-Феранд (Франција) и Лече (Италија), е избрана Јованка Попова од Скопје, која имаше обврска да ги избере уметниците што ќе изложуваат и да ја постави изложбата во сите градови. Уметници од Скопје селектирани на Отворен повик што ќе се претстават во овие три града се Ѓорѓе Јовановиќ и Оливер Мусовиќ.

 

kaunasУметник во престој (Artist in residence) од нашата земја, кој ќе престојува и твори еден месец во Каунас (Литванија), во периодот од 23 април до 23 мај е избран Верим Зендели од Скопје, кој по завршувањето на уметничките дела ќе има заедничка изложба со останатите уметници од другите европски градови. Покрај Верим, избрани се и Марта Згиерска (Лублин), Хуан Хернандез (Ваљадолид), Лук Џорџ (Ливерпул).

 

lincCreArt проектот ги објави двајцата уметници за уметник во престој (Artist in residence), кои ќе престојуваат еден месец во Линц (Австрија) и кои по завршувањето со своите уметнички дела ќе имаат изложба. Од МАкедонија е избрана Ивона Тричковска од Скопје, заедно со Ирена Франтал од Загреб.

 

 

skopjeГрад Скопје отвори повик за уметнички престој во Скопје за двајца уметници, еден локален и еден од градовите на CreArt мрежата, во Културно информативниот центар КИЦ, кој ќе се реализира во периодот од 20 мај до 20 јуни. Организаторот ги покрива патните трошоци и сместувањето, како и материјални трошоци за продукција. Онлајн аплицирањето трае до 20 април.

 

Уметниците ќе имаат можност да изложуваат и да уживаат во уметничките дела, да разменат искуства, да го максимизираат културниот придонес на визуелната уметност

Град Скопје им ја даде својата поддршка на сите уметници и ги повикува и охрабрува сите заинтересирани уметници да ги следат отворените повици на веб страната https://creart2-eu.org/open-calls и да аплицираат, со порака дека секогаш ќе ја имаат поддршката од наша страна.

Сите информации за активностите во месец април се објавени на ФБ страната CreArt.Network of Cities for Artistic Creation, од каде што можете да ги споделите.