Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од Направи Заедно (сегашен Балкан Велики), 69 Records и ПМГ Рекордингс, тоа е потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена. Токму таа сцена е единствената во Македонија која музиката ја сфаќа и третира како уметност и наше богатство. Ако ова ви се чини разумно и интересно, приклучете се на Земјотрес.

И оваа година како и минатите, освен музичката програма која ќе се одвива на три стејџови, во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендовите.

Листата на изведувачи ќе биде објавена наскоро.

ЗЕМЈОТРЕС #5
Фестивал на независна музика
Поддржете ја вашата локална сцена.

====================================

сабота, 4-ти февруари 2017, почеток: 19:00, крај: 05:00
Цена на влезница: 150 ден. | На врата: 200 ден.
Младински Културен Центар

ВАЖНО: Влезниците ќе бидат пуштени по 16-ти јануари (ќе следи дополнително известување)

Сподели