ЗАРОБЕНО ВРЕМЕ / TRAPPED TIME
режија: Milan Nikodijević
улоги: Kornelije Kovač, Goran Bregović, Žika Jelić, Momčilo Bajagić-Bajaga, Saša Lošić, Josipa Lisac i Vlatko Stefanovski
премиера: 11.4.2018
времетраење: 105′
земја: Србија
жанр: Документарен
Приказна за еден човек, една земја и едно време.
Петар Пеца Поповиќ е еден од најдобрите, најпознатите, најавторитативните и секако најпопуларните познавачи на рокенролот во поранешна Југославија.
Без претензија да ги раскажеме конечните вистини за рокенролот, патуваме со Пеца долж поранешната СФРЈ, во потрага по „загубеното време“ и драгите луѓе, најзначајните претставници на оваа култура, обидувајќи се да одговориме на прашањето дали со распадот на Југославија рокенролот го загуби значењето што некогаш го имаше?
Петар Б. Поповиќ ја испишува така автопоетичната историја на глобалниот феномен, поткрепено со прецизна фактографија и луцидните заклучоци на учесниците и сведоците.
На патувањето низ шест држави, во Белград, Крагуевац, Сараево, Скопје, Херцег Нови, Загреб и Љубљана соговорници му се најзначајните рок-автори, продуценти и критичари.