Како што ветивме на почетокот на годината, Wooden Wisdom доаѓаат во Скопје. По поместувањето на датумот и наместо на Здраво Млади еве ги на затворање на годинешното, 15-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS. 19 ноември 2016, со почеток од 23:00.

Wooden Wisdom се двајца DJ-и – Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа, Илајџа Вуд (Elijah Wood – Фродо од Господарот на прстените). Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда!

Придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел: да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот двочасовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!

Билети по цена од 200 денари веќе во продажба на Билетарница МКЦ или преку продажната мрежа на МК Тикетс.
Напоменуваме дека билетите се во строго ограничен број, затоа побрзајте и набавете си билет на време.
CINEDAYS се ближи!

Сподели