Во рамките на петнаесеттото издание ќе биде прикажан и документарниот филм „Кој е хајлајф?“ (Who is Highlife?), чија проекција во недела, 29 мај во 20 часот во киното Фросина ќе биде бесплатна за посетителите.
Јубилејот на фестивалот ќе биде пригодно одбележан и со мултимедијална изложба која ќе ги претстави најзначајните моменти од петнаесетгодишната историја на ОФФ-Фест. Отворањето на изложбата е закажано за 27 мај, пред настапот на Ива Битова, во галеријата на Младинскиот културен центар, а посетителите ќе можат да ја погледнат до завршувањето на фестивалот, односно до 30 мај.