Дебатниот филмски клуб ЛАЛЕ ве кани на проекција и дебата на фимот ВОЕНА ЗОНА (War Zone) од 1999 год. засега единствен филм на кој познатиот актер Тим Рот се потпишува како режисер.
Брилијантен и тажeн, се случува во сегашноста, а е безвременски, вознемирувачки од темна и страшна убавина. Суров и реалистичен портрет на семејно самоуништување. Филмот поставува многу повеќе прашања отколку што нуди одговори. Немилосрдно мрачно емотивен.

Гостин на дебатата ќе биде проф. Антоанела Петковска.

Сподели