Бесплатни проекции на два нови швајцарски филмови:
1. „Земјата на чудата“ (99 мин), со поч. 20ч
Десет режисери од новата генерација на филмски работници прикажуваат како различните луѓе во Швајцарија се справуваат со најлошата катастрофа што може да се замисли; да бидат зависни од други земји.
Година: 2015
Режија: Лиза Блатер, Грегор Фреи, Јан Гасман, Бени Јаберг, Кармен Жакие, Михаел Круменахер, Јонас Мејер, Тобијас Нeле, Лионел Руп, Мике Шајвилер
Жанр: драма
јазик: германски/француски
награди:
LOCARNO FILM FESTIVAL 2015
BERN FILM AWARD 2015 – Најдобар филм
ZURICH FILM AWARD 2015 – Најдобар филм
MAX OPHÜLS PREIS 2016 – Награда за општествено релевантен филм
2. „Куче“, (94 мин), со поч. во 22ч.
режија: Есен Исик
јазик: турски
Еден обичен ден во големиот град Истанбул: 10-годишниот Чемо продава хартиени марамчиња на улиците, Хајат е строго контролирана од својот сопруг, а транссексуалната Ебру го продава своето тело. Заедничко за сите тројца е тоа што имаат тајна љубов и прават се за да ги задоволат своите потреби, макар и за момент. Една автентична, нежна и вознемирувачка приказна за љубовта и смртта во турското општество на почетокот на 21 век.
награди:
Swiss Film Prize 2016 – Цирих
Специјална награда на академијата за монтажа на звук, за најдобар филм и за најдобра актерка (Берен Туна)