Интернационален детски фестивал на театар на сенки
СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО
Младински културен центар
Сцена Фросина
23 – 25 ноември 2015
Цена на билет: 120 денари
Организирана продажба (над 10 луге) цена на билет: 100 ден.
www.littlecloudsdream.org
ПРОГРАМА:
Sombras chinas- Шпанија
„Танцот на рацете“
23.11 – понеделник
19:30 ч.
Возраст: 3+
Времетраење: 45мин.
Претстава во која сенките, немиот филм, куклите и музиката се спојуваат и креираат забавни и изненадувачки приказни, кои ја фасцинираат публиката. Оваа година театарот од Шпанија преку игра со раце и кукли ќе создава силуети и форми, кои ги претвора во уметност.
Сенки и облаци- Македонија
„Нашиот штрк, Силјан“
24.11.2015, вторник
19:30 ч.
возраст: 5+
времетраење: 40 мин.
Оваа претстава е работена според текстот на народната приказна „Силјан штркот“. Во неа учиме за одговорноста, работливоста и љубовта кон своите блики луѓе. Ќе видиме како луѓето се претвораат во штркови, па од штркови повторно стануваат луѓе. Со впечатлив колорит преку игра со сенки, ќе ја разбудиме детската имагинација.
Firefly shadow theatre- САД
„Волкот и трите прасиња“ – (ново гледање на старата приказна)
25.11.2015, среда
19:30 ч.
возраст: 3+
времетраење: 15мин
Сигурно многумина од вас ја имаат слушнато или прочитано приказната за трите прасиња и лошиот волк. А дали сте ја слушнале приказната за трите волчиња и лошото прасе? Оваа извртена приказна ќе ве насмее и растажи, ќе ве инспирира и замисли.
Theatre Le Studio- Србија
„Новогодишната ноќ на едно девојче“
25.11.2015, среда
20:00 ч.
возраст: 5+
времетраење: 15мин
Приказна за едно сиромашно девојче на кое животот ќе му се измени во новогодишната ноќ. Сон за топол дом, игра со деца, новогодишна трпеза… сосема нормални работи што за неа се недостижни. Во оваа претстава ќе видиме дека добите работи им се случуваат на луѓето што веруваат во нив.
Работилница за сенки со раце: На работилницата ќе се дружиме со гостинката од Шпанија – Валериа Гуглиети, која ќе ни покаже како со дланките, прстите и други помошни материјали може да создаваме интересни сенки. Бројот на учесници е ограничен, резервирајте си место навреме 078 857 190.
Возраст: 5+
Јазик: Шпански, Англиски, Македонски
Времетраење: 1 час.
Место: Горно фоаје- МКЦ
Дата/ време: 23.11.05 / 18:00h
Изложба на лампи: Лампите од изложбата се креација на уметници што со својата имагинација создадоа сенки што светат.
Место: Долно фоаје – Кино Фросина
Дата/време: 23-25.11.05
Презентација на фигури: Ретко имаме можност да видиме уникатни фигури од различни делови на светот. Оваа година гостинката од Америка – Андреа Каспари ќе одржи презентација на фигури од Индија, Кина, Тајланд, Турција, Индонезија…
Јазик: Англиски/Македонски
Место: Долно фоаје – Кино Фросина
Дата/ време: 24.11.05/ 18:30h
ПРОГРАМА
23-ти ноември, понеделник
18:00 ч. Работилница за сенки со раце
19:30 ч. „Танцот на рацете“, Sombras chinas, Шпанија
20:30 ч. Коктел и изложба на лампи
24-ти ноември, вторник
18:30-19:15 ч. Презентација на фигури
19:30 ч. „Нашиот штрк, Силјан“ – Сенки и облаци, Македонија
25-ти ноември, среда
19:30 ч. „Волкот и трите прасиња – (ново гледање на старата приказна)“, Firefly shadow theatre, САД
20:00 ч. „Новогодишната ноќ на едно девојче“ – Theatre le studio, Србија
Организатори: Круме Стефановски, Катерина Стефановска, Благородна Коцева Симјанов, Александра Стојановска, Ивона Ѓорѓиовска, Ивона Кузмановска
Графички дизајн: Киро и Наташа Шопови
За организирани посети (над 10 посетители) цената на билетот е 100 денари.
За сите информации во врска со фестивалот можете да се обратите на:
Телефон: 078 857 190
senkiioblaci@yahoo.com
www.littlecloudsdream.org
УЖИВАЈТЕ ВО МАГИЈАТА НА СЕНКИТЕ!