Дебатниот филмски клуб ЛАЛЕ ве повикува на проекција на документарниот филм СОБА 237 од 2012 год. на режисерот Родни Ашер.Овој контроверзен филм се обидува да го демистифицира филмот СЈАЕЊЕ на Стенли Кјубрик од 1980 год,, да дешифрира некои тајни пораки кои филмот прикриено ги соопштува на гледачот…
СОБА 237 упатува на деликатната природа на Кјубрик и неговите конспиративни релации со врвните американски научни и безбедносни институции. Колку има вистина во сето тоа… уверете се самите и повелете на дебата.