Промоција на новата збирка поезија „Сјај и страв и песни“ на Даница Ивановска Лепојевиќ. Оваа стихозбирка ја понесе наградата „Антологија на болката“ за најдобра дебитантска збирка љубовна поезија на овогодинешните Рацинови средби.
Промотори на збирката ќе бидат поетесите Елена Пренџова и Искра Донева и Анде Јанков од издавачката куќа „Култура“, додека стиховите ќе ги говорат поетесата Ана Голејшка и самата авторка. Атмосферата ќе биде дополнета со настап на Сашко Костов.
„Оваа стихозбирка се издвојува по романтичарскиот дух, кој ја прави малку поинаква од останатите, но истата се истакнува со драматичност во зборот и лапидарност во изразот, што допринесува за едноставно доживување на истата.“- вели писателката Катерина Момева. „Поетскиот ракопис на Даница Ивановска Лепојевиќ изобилува со лирски, драматични, но и конотативни поетски метафори. Емотивно, сликовито и конкретно, со модерен општествен дискурс. Образувајки јасни слики, импресивно е доловен субјективниот свет на поетот. Стихозбирката изобилува со топли емоции, едноставно пласирани, но исто така вешто нивелирани“.
Се гледаме во вторник, бифе „Фросина“ во МКЦ, 21.00 часот.