SAUL WILLIAMS (USA)

BATIDA
 (Portugal/Angola)

Роден во Њуберг, Њујорк, САД во 1972 година, Сол Вилијамс се смета за моќен глас на хип-хоп генерацијата како поет, актер, рапер, пејач, писател и музичар. Иако уметничките определби на Сол Вилијамс се многубројни и разновидни, тој се прославува преку поезија во средината на 90-тите години, кога издава неколку поетски збирки и албуми. Оттогаш неговиот фокус останува непроменет, особено во користењето револуционерни стихови со цел ја потсети публиката дека личното е всушност политичко. Пробивот на музичката сцена Вилијамс го остварува со деби-албумот „Amethyst Rock Star“ од 2001 година. На почетокот на оваа година, тој го издаде својот петти студиски албум со предизвикувачки наслов „Martyr Loser King“. Општествено ангажираните стихови на него се протест против полициската бруталност, контролата на владата и економските разлики во целиот свет. „Martyr Lose King“ ја раскажува приказната за истоимениот измислен лик, рудар од Бурунди кој станува хакер и дига револуција преку својот компјутер. Својата прогресивна поезија на ова издание Вилијамс ја соединува со меланхолични мелодии врз електронска палета на полиритми и жестоки крешенда, правејќи хибрид на рап, танц, панк.

Билетите за ОФФ-Фест можат да се набават во Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на mktickets.mk и karti.com.mk

Сподели