И оваа есен Скопје ќе биде дел од REEL ROCК филмската турнеја, која преку најновата колекција алпинистички филмови ќе ви ги доближи најинтересните приказни и најголемите атлети во качувањето во светот. На 28 февруари во киното Фросина по трет пат ќе се случи најголемиот качувачки празник кој ќе донесе возбудлива акција, патувачки истражувања низ светот, голема смеа и вистинска инспирација.

Пред две години македонската публика за прв пат имаше можност да го проследи деветтото продолжение на REEL ROCК, кое го донесе најнаградуваниот аутдор документарен филм ‘Valley Uprising’ на американските филмаџии Питер Мортимер и Ник Росен, а потоа и јубилејното десетто издание на највозбудливата качувачка филмска турнеја REEL ROCК 10. Овој пат со уште посилна локална програма и уште пет документарни филмови за најголемите случувања и достигнувања во глобалниот качувачки свет, што го прави REEL ROCK 11 вистинско место за посветените качувачи и љубителите на карпите и високите снежни планини.

Единаесетата REEL ROCK филмска турнеја, традиционално започна на 15-ти септември во Болдер, Колорадо, оваа година за прв пат во облик на фестивал, а потоа продолжи во Сиетл, Сан Франциско, Њу Јорк и Вашингтон, од каде продолжија стандардните премиери насекаде низ светот, прикажувајќи ги најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот. Оваа година со REEL ROCK 11, Скопје заедно со уште околу 500 градови низ светот, повторно ќе ја има несекојдневната можност да ја гледа премиерата на најновото издание на REEL ROCK и ќе добие уште една доза од најголемите аутдор и качувачки достигнувања, од најзначајните и најискусните качувачи како Ашима Шираиши, Каи Лајтнер, Мет Сегал, Вил Станхоуп, Берт Харингтон, Мајк Либецки, Шон Виланова Одрискол, Нико Фавресе…

* * *

Основани во 2006 година од страна на Џош Ловел (Big UP Productions) и Питер Мортимер (Sender Films), REEL ROCК проекциите ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот и се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм. Дел од забавата на REEL ROCК настаните секогаш се и различните презентации, доделување на награди, присуството на врвни алпинисти, кратки филмови и претставувањ, а локалната програма се состои од филмови и презентации за најголемите достигнувања на локалната качувачка сцена.

Повеќе информации на страната на REEL ROCK Macedonia или на официјалниот настан.

 

Сподели