На 12.12.2016 (понеделник) во фоајето на кино Фросина во МКЦ ќе се одржи промоција на поетската збирка „Водата нешто носи“ од Марија Грубор, додека во просторот ќе бидат изложени аналогни фотографии од периодот на нејзиното создавање.

Во поетскиот перформанс учествуваат Драгана Стојчевска, Даниел Карески и Митко Апостолов, а истиот музички ќе го заокружат Џон Илија Апелгрен и Онија Блузерине.

*

Марија Грубор е дипломиран психолог со клиничко искуство, поетеса, прозаистка и фотограф аматер.
Дипломирала психологија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а сега е на постдипломски студии на Институтот за општествени и хуманистички науки. Во 2009та година ја објавува „Ликвид“, збирка од поезија и кратка проза, а потоа продолжува да објавува поезија, раскази, написи и колумни во литературни списанија и на неколку веб-сајтови.
Моментално само дише длабоко и плива спротиводно.

Сподели