Одбележуваме 56 години од скопскиот катастрофален земјотрес. МКЦ за Скопје е настан што нѐ потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето.
Програма:
18:30 / Детски работилници:
„Мојот град, моето омилено место“ со Доротеј Нешоски
Работилницата е наменета за деца од 5-10 години. Работилницата има за цел преку колажирање, цртање и сликање да ја поттикне детската имагинација, експериментирање, слободното изразување и оригиналност.
„Пишуваме-илустрираме: Моето Скопје“ со Билјана Црвенковска
„Пишуваме-илустрираме: Моето Скопје“ е креативна работилница за деца од 7 до 12 години, за креативно пишување и илустрација на напишаните текстови на тема „Моето Скопје“. Децата ќе имаат можност да пишуваат приказни и песнички (и нив да ги илустрираат) – за нивното омилено место во Скопје…
Без разлика дали е тоа клупата или паркчето пред нивната зграда, Градскиот парк или планината Водно. По завршувањето на работилницата, сите творби ќе бидат изложени во рамки на работилницата пред МКЦ.
19:45 – 20:30 / слушачка промоција
LP компилација „Колку гласно мора да викнам за да ме чујат?“
20:30 – 21:15 / слушачка промоција
LP компилација „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“
21:15 – 21: 45 / Промоција на Монографијата „МАКЕДОНСКА ДИСКОГРАФИЈА-ВИНИЛИ (1958-2019), Прв Том“ од Тошо Филиповски
Музичка програма:
21:50 – 22:30 СВЕТЛОСТ
22:45 – 23:20 Јордан Костов Трио
23:30 – 00:10 Роботек
00:15 / кино на отворено
проекција на филмот „Ослободување на Скопје“