Жената на филм!

Проекција (и дебата) на филмот „КЛЕО од 5 до 7“. Филмот е на белгиската режисерка Ањес Варда од 1962 год. и прогласен е за најдобар филм од страна на Асоцијацијата на филмските критичари во Франција. Неверојатен портрет на Париз и на Клео (Корин Маршан), еден од највпечатливите женски ликови на големиот екран, со фотографијата на тројца сниматели (Paul Bonis, Alain Levent, Jean Rabier) и музиката на Мишел Легран.
СРЕДА, 5 април, ДЕБАТЕН ФИЛМСКИ КЛУБ „ЛАЛЕ“, МКЦ, Џебно кино во 20 часот. Влезот е слободен.

Сподели