И МКЦ е дел од хуманитарната мисија #заСАЊА. Целовечерен културен настан со благородна цел. Музичката програма ја сочинуваат:
Нокаут
Гоце САФ
Last Expedition
Верка
ДНО
Влатко Илиевски
Како дел од овој настан ќе се одржи и продажна изложба на повеќе наши уметници, кои ќе постават дел од своето разновидно творештво. Атмосферата дополнително ќе ја збогатат:
Марко Георгиевски, Урош Вељковиќ, Тања Вукобрат, Стоилчо Георгиевски, Ана Аврамовска, Бане Наумовски, Драгана Стојчевска, Бети Јаков, Марија Јанкова, Елeна Ставревска, Милан Андов, Весна Ничева, Кристина Павлеска, Аврамоски Игор, Верче Стефановска
Сите собрани средства од продажба на билети и дела ќе се предадат на семејството Кухар и ќе се искористат за покривање на дел од трошоците за операцијата на Сања.
Билети во продажба на врата, вечерта на настанот.