Дебатен филмски клуб ЛАЛЕ

Проекција и дебата на филмот Final Cut – Ladies and Gentlemen на унгарскиот режисер Ѓерѓ Палфи (Таксидермија, Икачот, Слободен пад).
Омаж на светското филмско наследство, филм за сите филмови, пачворк од 450 филмски сцени во час и половина. Како и за сите свои претходни филмови, Палфи е фален и негиран.
Сите филмски приказни овде се раскажани во еден здив. Генијално или шарлатански, уверете се сами. Филм за кој вреди да се дебатира! Еден од продуцентите е и Бела Тар
Почеток во 20 часот, влез слободен.

Сподели