Нов циклус филмови во Дебатниот филмски клуб ЛАЛЕ
Џебно кино во МКЦ од 20 часот
Остана ли сексот последната „примитивна“ активност на човекот? И дали филмскиот секс е одраз на духовната ерозија на современиот хомо еротикус? За сексот како приватност и за сексот како јавен дискурс… За бришењето на границите помеѓу еротското и порнографското.
4 филма што ја „потврдуваат“ тезата дека туѓиот секс стана „лек“ за сопствените фрустрации.
3 април
BEYOND THE VALLEY OF THE DOLLS, режија Russ Meyer
10 април
ROMANCE, режија Catherine Breillat
8 мај
SPRING BREAKERS, режија Harmony Korine
15 мај
A SNAKE OF JUNE, режија Shin’ya Tsukamotо