CINEDAYS #15 наближува!
Во рамки на фестивалот годинава ја издвојуваме музичката програма насловена cinEmusic.
Од 10-ти до 19-ти ноември, во МКЦ Скопје.
Музика, многу музика… на филм, настапи на неколку бендови, настапи на диџеи, имаме и fashion show…
/////////////////
Филмови:
Miles Ahead – dir. Don Cheadle
The Beatles: Eight Days a Week – The Touring Years – dir. Ron Howard
Contemporary Color – dir. Bill Ross IV, Turner Ross
Gimme Danger – dir. Jim Jarmusch
Blur: New World Towers – dir. Sam Wrench
Congo beat the drum – dir. Ariel Tagar
Limunovo drvo – dir. Branko Radaković
Industrial Soundtrack for the Urban Decay – dir. Travis Collins, Amélie Ravalec
A Fat Wreck – dir. Shaun Colon
/////////////////
Останата програма:
>>> Оливер Белопета – Miles Ahead (10.11.)
Култна фигура на македонската музичка сцена, Директор на Скопје Џез Фестивал и Оффест.
Привилегијата да го имаме со музички избор на отворање на CINEDAYS е огромна.
Кафе МКЦ
22:00
влез слободен
>>> Cinescapes: Mnemonic45 & Obohtal (11.11.)
CineScape како кино пејсаж, CinEscape како кино бегство.
“Cinescapes” е аудио визуелен перформанс, контемплативна комуникација помеѓу различни временски креативни декади, помеѓу филмското платно и музиката изведувана за време на самата кино проекција. Mnemonic45 и Обохтал во живо ќе креираат нов соундтрак за секвенци од делата на неколку култни автори на светската кинематографија: Мichelangelo Аntonioni, Werner Herzog, Андреј Тарковски, Chantal Akerman и Chris Marker.
Кино Фросина
23:00
влез: 100 денари
>>> Anthony Rother (12.11.)
Anthony Rother е признаен мајстор и своевидна легенда на светската електронска сцена. Потекнува од германската електро школа на 90тите години, кога ги креира првите песни (Red Light Dystrict) кои му носат светска слава. Можеби најмасивен период за дефиниција на брендот Anthony Rother е првата половинана 2000тите години, кога со хируршка прецизност одработува 10тина мега хитови и пар албуми, музика која се наоѓа во сетовите на секој светски клубски диџеј кој држи до себе. Од тоа време потекнуваат и некои од неговите најголеми скопски хитови (When the sun goes down, Darkness, Space). Познат по високооктанските живи настапи, скопската публика сонува за настап на господинот Rother барем 15 години. Еве го за прв пар во Скопје, на Cinedays 2016.
МКЦ – сала 25 мај
23:00
влез: 200 денари во претпродажба, 300 денари на ден на настан
>>> Давид Ангелески – Пиколомини (13.11.)
Давид Ангеловски или Пиколомини, е човекот зад прекрасните изданија на македонската современа музичка сцена, албумот “From Subway to my way” и двете EP изданија “Disquises” и “Деца во длабоко”. Давид можете да го слушнете само во неговата радио емисија “Логично Скопје” секој петок на “Канал 103″ и на CINEDAYS нели.
Кафе МКЦ
22:30
влез слободен
>>> Russian Circles и Helen Money (14.11.)
Пост-рок експерименталното трио Russian Circles го сочинуваат Mike Sullivan (гитара), Colin DeKuiper (бас), и Dave Turncrantz (тапани). Формирани во 2005 во Чикаго, и заедно тие чинат комплексна бучава од замрсени гитари, продорни тапани и тврди бас линии. Вo Скопје за прв пат, на голема промотивна турнеја по повод издавањето на новиот албум Guidance издаден за Sargent House на 5 август 2016 година.
Helen Money е Alison Chesley, виолончелистка од Чикаго којашто стана позната по нејзиниот уникатен звук и по нејзиниот заводлив сценски настап. Служејќи се со помош на техниките на водечките гитаристи, таа ги насочува нејзините чувства и искуство како рок музичар преку еден класичен инструмент. На заедничка турнеја со Russian Circles, на CINEDAYS.
МКЦ – сала 25 мај
22:30
влез: 300 денари во претпродажба, 350 денари на ден на настан
>>> Fashion and music: Emotional Lanscapes -agender collection by Ludus (15.11.)
EMOTIONAL LANDSCAPES е насловот на новата безродова колекција на експерименталната модна етикета Лудус. Таа ја разработува темата започната со претходната колекција и е базирана врз фраза од песна на Бјорк од албумот Homogenic. Парчињата говорат за чувства на алармираност во јазик својствен за работата на Лудус. Публиката ќе има можност да погледне мултимедијален моден перформанс при што парчињата ќе ги носат модели избрани по пат на кастинг на социјалните медиуми.
Музика пушта Еми Ермилова.
МКЦ – сала 25 мај
22:30
влез слободен
>>> Новиот Почеток (16.11.)
Новиот почеток се на 40 дневна европска турнеја. Последниот концерт од нивната голема турнеја насловена “Sorry for the mess” токму на CINEDAYS. Да ги пречекаме како што треба (со леб и сол).
МКЦ сала 25 мај
22:30
влез: 100 денари
>>> Jherek Bischoff (17.11.)
Jherek Bischoff е композитор, аранжер, продуцент и мултиинструменталист од Лос Анџелес. Во неговите необични 30 години живот, тој има соработувано со Kronos Quartet, Bang on a Can, David Byrne и Neil Gaiman, и има настапувано во простори и на фестивали ширум светот, меѓу кои и Ројал Алберт Хол, Карнеги Хол, Рејдио Сити Мјузик Хол, на фестивалот Adelaide и на фестивалот MONA FOMA во Тасманија. Како композитор бил ангажиран од Kronos Quartet, Lincoln Center и St Ann’s Warehouse и негови дела се изведувани од Seattle Symphony, Adelaide Art Orchestra, Wordless Music, Stargaze и yMusic.
МКЦ сала 25 мај
22:30
влез: 150 денари
>>> Wrangler и Kanton 6 (18.11.)
Наједноставно речено, Wrangler е новиот бенд на Stephen Mallinder, попознат како креативната половина на еден од најрелевантните и секако најквалитетни авангардни електронски бендови на сите времиња, неповторливите Cabaret Voltaire. Не е потребно да си голем познавач на музиката и културата во последниве декади, за да знаеш дека покрај Kraftwerk и Throbbing Gristle, Cabaret Voltaire се основоположници на формата и звукот чиј успех експлодираше во сите електронски насоки во модерниот свет. Покрај Mallinder и неговиот cool as fuck вокал, во Wrangler членуваат и Phil Winter и Benge, а заедно успеваат да звучат ретро и модерно во исто време, задржувајќи го звукот на ивица и сосем во согласност со потребите на едуцираната публика. Нивниот лајв е потполно аналоген и не штеди од купчето машини кои ги носат наоколу. Не се пропушта.
>>> Kanton6 е херметичка ројалистичка организација, која делува во правец на воспоставување на монархја во Македонија. Императив е возобновување на кралската лоза на Македон, преку воспоставување на монарх во Скопје, со цел обединување на сите Македонци и враќање на териториите на земјата од 125.000 години пред нашата ера, кога цел свет беше населен од Македонци кои дојдоа од планетата Македон. Синиша Евтимов и Мирко Попов се андроиди во служба на монархијата, кои служат да го затскријат вистинскиот идентитет на членовите на Kanton6, кои ги демне опасност од владата во сенка, илуминатите, американците и секако масоните. Масоните се особено гадни. Музиката на Kanton6 е вештачка, како впрочем и тие самите. Но вештачка е и потребата од република, кога парламентарна монархија е правиот пат.
МКЦ сала 25 мај
23:00
влез: 150 денари
>>> Wooden Wisdom & DJ Fitz (19.11)
Wooden Wisdom се двајца DJ-и – Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа Илајџа Вуд (Elijah Wood – Фродо од Господарот на прстените). Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда!
Придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел, да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!
МКЦ сала 25 мај
23:00
влез: 200 денари