BADI ASSAD (Brazil)

CANZONIERE GRECANICO SALENTINO (Italy)

Светската музичка сцена изминативе години познава мал број успешни и невообичаени приказни како што е онаа на Canzoniere Grecanico Salentino. Од доцните 1970-ти години, групата од полуостровот Саленто на италијанскиот јужен регион Пуља создаде огромна меѓународна фан-база, настапувајќи на бројни сцени низ светот – од „Womad“ преку „Womex“ и „Sziget“, до некои од најпознатите светски етно фестивали. Звучното јадро на CGS е pizzica taranta, ритмички моќен и убедлив транс-фолк стил, чие потекло води векови наназад во Саленто, каде што пициката имала улога на исцелувачка ритуална музика. Се играла со цел да ги излечи жртвите од tarantismo, состојба на физичка и на емотивна болка предизвикана од отровниот убод на тарантулата. Иако се мала група составена од виолина, мала хармоника, дајре и вокали, „каснатите“ членови на CGS музицираат до „лудило“, сè додека не се онесвестат, „прочистени“ од убодот на пајакот. CGS ја изведуваат pizzica taranta со жар и со хипнотичка страст. Предводени од виолинистот Мауро Дуранте, CGS создаваат див спектакл, полн со енергија, страст и неверојатен танц, ширејќи ги ритмите на Пуља низ целиот свет.

Билетите за ОФФ-Фест можат да се набават во Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на mktickets.mk и karti.com.mk

Сподели