SAUL WILLIAMS (USA)

BATIDA
 (Portugal/Angola)

Batida е сценското име на Педро Кокенао, радио, видео и музички продуцент роден во Ангола, а израснат во предградијата на Лисабон. Како модерен и динамичен проект што влече корени од минатото, Batida комбинира семплови на анголски песни од 1970-тите години, со модерни електронски денс-влијанија. Музиката, која е почетната точка на Batida е збогатена со графика, фотографија и видео со силен општествен и политички коментар. Иако „кудорото“ (стил на анголска електронска музика) не е директно поврзан со традиционалната музика на земјата, тој е длабоко вкоренет во музиката на Batida. Batida е реинтерпретација на музичкото минато на Ангола пренесено во денешно време. Неверојатните и енергични настапи на Batida вклучуваат танчери, перкусионисти, видеопроекции и фотографии од улиците на Ангола, војната и фрагменти од животот на племенските заедници. Најновиот албум на Batida „Dois” (2014) е инспириран од мултикултурната синтеза на Лисабон и уметниците што Batida ги запознава низ годините, како и од искуствата здобиени на патувањата во Луанда и во Најроби.

Билетите за ОФФ-Фест можат да се набават во Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на mktickets.mk и karti.com.mk

Сподели