BADI ASSAD (Brazil)

CANZONIERE GRECANICO SALENTINO (Italy)


Бади Асад
е уникатна појава на бразилската музичка сцена. Позната по својот „авантуризам“, особено по спојот на класичниот гитарски израз со елементи на препарирана гитара, Бади Асад ја комбинира виртуозноста на инструменталната изведба со специфична вокална техника на говорна и на пеана лирика, вокални перкусии и ефекти. Квалитетот на нејзината музика кај слушателите предизвикува чувство на воздишка и на вчудовиденост на способноста да комбинира повеќе звучни аспекти во единствен музички ентитет. Во својот најнов албум „Hatched” од 2015 година, Бади Асад оди онаму каде што не била претходно. Нејзиниот репертоар ги пренесува американските популарни песни во бразилските пространства. Повеќето од композициите се релативно неконвенционални и во бразилски дух, без притоа да бидат претерано „бразилски“. Пристапот на Бади Асад кон музиката, музичкото наследство и кон популарниот идиом е умешна мешавина на временска двосмисленост и уникатна емоционална прецизност. На секоја песна таа ѝ дава лебдечки, етерични, деликатни финеси што без сомнение ќе го шармираат слушателот.

Билетите за ОФФ-Фест можат да се набават во Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на mktickets.mk и karti.com.mk

Сподели