Книга за два животи, кои се сплотија во една животна приказна!!!
Промоција на зедничката книга, низ која ќе ве понесат рецензентите: Соња Трајковска Димитровска ; проф.д-р Христо Петрески, актерката Зорица П. Панчиќ, актерот Жарко Димоски – Љубов.
Сето ова ќе го даполни милниот силен вокал на Добрила Грашеска од Чалгија Саунд Систем….
А во фојето по промцијата ќе ве поканиме да ги прославиме нашите 7 години Љубов и Патешствие, со мала рок забава Крле Деј ОФФ и ирска музика на Киклоп. Да залиеме со чаша црвено ладно вино, за топлите ни срца.
1 „Љ У Б О В“
Катерина Грозданов
Бог е љубов. Вистина која ја запознав преку љубовта, љубејќи. Така го познав и него, мојот Борче, низ љубовта-најсилната доблест која еден човек може да го краси. Љубовта нема крај кога гледате како низ љубениот тече само неговата чиста мисла, збор, мудрост, борба, дрскост, смелост, дело, сѐ она што го остава зад себе, а пред сѐ неговата искреност и праведност кон сите, ама навистина кон сите. Љубов е и секое наше одење на театар; неговото доживување е толку посебно што за таму досега не рекол дека е уморен, таа магија го понесува, го зема, но и ми го враќа. Затоа колку и да го опишувам и зборувам за него не успевам да изречам сѐ, зошто за него сѐ е емоција, доживување, преживување и донесување вистинска одлука. Ќе кажам само љубов! За мојот Борче секогаш ќе ми недостигаат зборови со кои би го опишала.
2 „ПАТЕШЕСТВИЕ“
Борче Грозданов
Ова е приказна за исконското тројство- вера надеж и љубов: Верата како зрак, Надежта како светлина и Љубовта како круг.
За да излезе на добро, треба сето ова да го минеш: затворената душа да ја отвориш, заклученото срце да го отклучиш. За се да дојде на свое место.
Ова е приказна за една љубов, чиста, „изнедрена од тишината“ од чие признание нема да побегнеш како од првиот дожд. Ја гледаш право в очи, а кон подот.
Кога не се срамиш од својата несовршеност и „егото свое го ставаш под вршник“, затоа што „на маката, мило, ТИ знаеш да се насмееш …“
Ова е приказна за еден морнар. Нему животот му е море, напати немирно, пркосно, по некој пат спокојно,. По безбројните пловидби, бури, плими, осеки, тој го закотвува својо кораб, на копно „умствено копно, мирно“, на „аловата постела со ливчиња розини невидливи“, покрај своето сидро „несвенливо цвете“, „во апсолутна среќа занавек “.