Фестивал на новиот германски филм
Режија: Екрем Ерѓун
Германија 2015, 84 мин.
Актери: Алмила Багриачик, Хилми Сезер, Фелицитас Вол, Ное Халкидис, Цеци Шмиц-Ху
Наменето за публика над 6 години
Растењето би можело навистина да биде полесно за Ајлин (Алмила Багриачик). По смртта на мајка си, таа најголемиот дел од времето дома го поминува грижејќи се за малиот брат Емре (Ное Халкидис). Таткото Хасан (Хилми Сезер) секој ден води битка како привремен работник да го прехрани малото семејство. И во училиште тинејџерката има постојано проблеми, бидејќи нејзината фрустрација ја направила агресивна. Кога еден ден Ајлин одново ќе стане жртва на мобинг, ќе се одбрани со насилство, а на сметка на тоа ќе биде осудена на општо корисна работа во една коњушница. Ова е последната шанса на Ајлин да спречи да добие укор од училиштето. Отсуството на емоции кај негувателката Ирис (Фелицитас Вол) ѝ ја отежнува адаптацијата во коњушницата. Но, тогаш го сретнува Хердур, дивиот црн исландски коњ. Развива пријателство кон коњот, но и страст за јавање. Ирис и Ајлин сѐ повеќе се спријателуваат. Негувателката би сакала да го поттикне талентот на германската Турчинка. Но таткото на Ајлин не е воодушевен од оваа идеја…