Фестивал на новиот германски филм

Режија: Кристијан Циберт
Германија 2014, 95 минути
Актери: Флориан Давид Фиц, Јулиа Кошиц, Јирген Фогел, Ханелоре Елснер
Наменето за публика над 12 години

Како и секоја година, Ханес и сопругата Кики заминуваат со најблиските пријатели на велосипедска тура. Годинава Ханес има право да ја избере турата – и за жал на другите, се одлучува за здодевната Белгија. Но, за време на велосипедската тура ќе се случи нешто сосема поразлично – пријателите дознаваат дека Ханес страда од неизлечива болест и ова патување му е последно. По првиот шок, патувањето прераснува во дива, неповторлива тура; преку Ханес пријателите осознаваат колку навистина е скапоцен животот и почнуваат да живеат.

Сподели