Драги пријатели,
Со огромно и искрено задоволство ве покануваме заедно да го „отсонуваме“ пристигнувањето на најновата книга на Илинденка Петрушева „Само сонот е стварност“, во издание на Македоника литера.
Колективниот сон го закажавме за 27.01.2015 (вторник) во 20.00 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ.
Тоа е местото каде што започна „официјалната“ филмска приказна на Илинденка и каде што со ова издание, „официјалниот“ круг сосема природно ќе се затвори…
Неколку мисли за „бележникот на филмологот“ ќе споделат Оливер Белопета и Зоја Бузалковска.
Добредојдени сте и да го погледнете музичкиот документарен филм „Searching for Sugar Маn“ (добитник на Oscar и BAFTA за најдобар документарец, победник на Sundance и добитник на уште 37 други награди) кој ќе биде прикажан веднаш по претставувањето на книгата, а е дел од програмата на Зимскиот МакеДокс.
И сигурно дека по сето ова, ќе бидеме расположени да се дружиме и муабетиме во бифето на МКЦ, каде ќе продолжиме да уживаме во звукот на Sixto Rodriguez…
Искрено Ваши,
Македоника литера
МакеДокс
МКЦ
фото (архива на МКЦ):
Илинка на прослава со своите колеги од МКЦ (тогашен Дом на млади „25 Мај’) – 8. март 1974