Во петок на 12 декември, 20:00 ч. сцена „Фросина“ МКЦ го промовираме новиот роман „Смртта на уметноста“ од Костадин Героски, во издание на Магор.
Парчиња од романот ќе интерпретира Елена Митреска.
За книгата ќе говори проф. Елизабета Шелева, за овој ракопис вели:
„Ракописот на Героски е интригантно четиво кое оддишува со интелектуална зрелост, реторичка елоквентност, мета-јазична и мета-фикционална амбиција и подготвеност, да се отскокне од романескното раскажување кон есеистичкото и програмско втемелување на една нова, макар и само „концептуална“ и утописка идентификација на современите Македонци“
Костадин Героски е роден 1988, убеден е дека и после вечноста постојат светови. За своите метаафористички есеи, раскази, поезија бил награден повеќекратно. Објавувал есеи во „Репер“, „Зеница“ и „Наше Писмо“- списание на независните писатели на Македонија.
„Смртта на уметноста“ во издание на Магор е негов прв роман. Претставува експлозивен и оптимистичен роман замислен како манифест, пуч на новата генерација млади уметници во светот. Афористична поезија во проза, истовремено и вулгарна и експериментална која ги дава сите одговори на вечните прашања.

Сподели