Во петок на 5 декември, 20:00 ч. во Галеријата на МКЦ го промовираме „Куфер за тројца“, новиот роман од Живко Грозданоски во издание на Или-Или.
За книгата ќе говорат проф. Билјана Ванковска и писателот Иван Шопов.
Извадоци од романот ќе чита Елена Митреска.
„Куфер за тројца“ се состои од три новели: „ Ќе те сакам засекогаш“, „Куфер за тројца“ и „За животот на едно дрво“. Со голема леснотија и со многу хумор, кој понекогаш е урнебесен, а понекогаш е многу горчлив и повеќе нè тера на плачење отколку на смеење, авторот зборува за сеопштата „сапунизација“ и тривијализација на секојдневието, вешто поигрувајќи си со конвенциите и општите места од она што е масовна и поп култура.
Живко Грозданоски е роден 1986 година во Кичево. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, катедра по Романски јазици и книжевности, отсек италијански јазик – преведувачка насока. Досега има ги има објавено: „Отпечатоци врз коцки мраз“, збирка кратка медитативна проза, изание на Темплум, збирката раскази „Приказни за тревите и други приказни“, издавач Антолог. Се јавува и како преведувач од италијански на : „Next- малечка книга за глобализацијата и за светот што доаѓа“, есеј од Александро Барико (Антолог 2010), „Сенилност“, роман од Итало Звево (Темплум, 2011), „Коски од сепија“, поезија од Еуџенио Монтале (Магор, 2013), „Кал“, збирка новели/раскази од Николо Аманити ( Магор, 2013).
Се гледаме во МКЦ