Николина Андова Шопова е родена на 03.02.1978 година во Скопје. Дипломира на Катедрата за Македонска и јужнословенска книжевност на филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Објавувала поезија и хаику во повеќе списанија. Во 2013 ја објавува првата поетска книга „Влезот е од другата страна“ (издание на Темплум), за која ја добива наградата „Мостови на Струга“ од СВП и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга. Истата е објавена и на англиски јазик. „Поврзи ги точките“ е нејзина втора книга поезија. Вечерта поезија ќе читаат Елена Митревска и Румена Бужаровска, за книгата ќе зборува Владимир Јанковски.