Се работи за една „анализа“ не само на музиката како рефлексија на општествените и политичките збиднувања во светот и кај нас, туку за една поширока општествено-културолошка анализа.
Книгата ќе ја промовира издавачот Роберт Алаѓозовски од Готен и Игор Анѓелков од Или-или.
Освен промоцијата, ќе има и:
- изложба на колажите од книгата
- музички сет со песни кои ги одбележале годините 1984-2004 на Диџеј Шурбе
- изложба на македонска винилна рок историја (Тошо Филиповски)
На страницата: http://gotenpublishing.com/bert.html можете да прочитате извадок од книгава, и да најдете линкови за песните кои што се споменуваат во неа.
Според пребарувачот Google, 3 минути и 53 секунди е просечното траење на една модерна песна, а толку време би му требало просечно на еден читател да прочита еден расказ од книгава.
Авторот ја раскажува неговата лична историја на слушањето музика, пронижана со настани од локалното секојдневие и значајни светски настани што го одбележале периодот од 1984-2004 година. Не станува збор за музички документ, туку за едно лично видување и искуство во светот на музиката изразено преку јазикот на литературата.