Промоција на книгата ЧЕЈКА И ЧАЈКА на Вера Чејковска, во издание на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. За книгата ќе зборува промоторот Иван Џепаровски.
За љубителите на расказите, оваа збирка ќе претставува патување во несекојдневното, зачудното и (над)реалното, со многу елементи на прозни изненадувања. Иако Чејковска на публиката досега ѝ беше позната по неколкуте нејзини поетски објави, со оваа книга таа влегува и во прозните води, храбро надоврзувајќи се на најдоброто во македонската раскажувачка традиција. Токму затоа и индикативниот поднаслов на ЧЕЈКА И ЧАЈКА гласи „зборови за кои не знаеме од каде доаѓаат“.
Се гледаме на уште една убава дружба в среда од 20 часот, во МКЦ