20. јуни, МКЦ 21 часот – фоаје на кино „Фросина“

Промоција на книгата со хаику поезија „Дрво кое шепоти“ од писателот Борис Митковски во издание на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

Во книгата се поместени 150 хаику песни пишувани во последните неколку години.

Промотивна реч ќе одржат поетот и критичар Ѓоко Здравески и професорката по македонски јазик и литература Наташа Пешевска.

Творби од делото ќе изведуваат професионалните актери Роберт и Мими Ристови и Ивица Димитријевиќ.

Рецензентот Венко Андоновски, во својот осврт кон книгата, наведе: „Она што е посебно интересно е тоа што овој источен мистичен холизам, базиран на зен-будизмот, кај нашиот поет се комбинира со теолошкиот, христијански принцип на созерцание. Така, може да се каже дека доаѓа до ретко успешна соработка на една источна и една западна религиозна философија во хаику творбите на Митковски. Сите негови хаику творби се всушност – богојавление, мал миг во кој срцето и умот го созерцуваат Бога, стануваат свесни за поврзаноста на нештата и за Оној кој ги создал. Во хаику творбите на Митковски, во навидум неповрзаните слики, се бара Он. И интересно е дека кај овој поет, колку се сликите подалечни, толку нивниот спој во целина е поефектен. Така, разликите стануваат привид, затоа што отсекаде се гласи Он, Творецот. На пример: Лозjе,/ орач,/ и Спасителот во тебе нов е“.

Сподели