Андреј е млад скопјанец, роден во Лондон, во средношколските денови ги пројавува првите стихови кои ќе ги комплетира во една стихозбирка со музичко име – Midnight Blues, која го добива името поради пасијата на Андреј кон музиката, а особено кон блузот. Авторот е член на повеќе музички бендови.
„Низ овие стихови одѕвонува музиката на човечките гласови, но и музиката на тишината, како и музиката на капките дожд, птиците, шумите, на ветерот. Лирскиот субјект е восхитен и екстатичен, љубопитен и копнежлив, но, очигледно, го мачат и дилемите за тоа како да се дојде до идеалот за убавина, совршенство, музичка хармонија …“ ( Лидија Капушевска Дракулевска, рецензент)