„Превртени приказни“ две театарски претстави од деца за деца
Почитувани,
Колективот Ветерница со особена чест и задоволство Ве поканува на премиерата на две театарски претстави под заеднички наслов „Превртени приказни“.
Место: Младински Културен Центар – Кино Фросина
Дата: 27.05.2015
Време: 18:00 часот
Претставите се плод на заедничка соработка помеѓу едукаторите од Ветерница и децата која се случуваше изминатата година на часовите по танцов театар.
„Превртени приказни“ е олицетворение на еден поинаков невербален театар, разбирлив за сите, театар кој го истражува секојдневнието и ги раскажува невидливите нешта.
Цената на билетот за организирани групи од училиштата е 100 денари. Редовната цена на билетот е 150 денари. Времетраење на настанот е 60 минути.
За резервација на билет пратете меил на veternicainfo@gmail.com или на телефоните 075 375 018 или 077 465 963
Ветерница е уметнички колектив создаден со заедничка цел за поттикнување на личниот развој преку работа во група и користење на креативната енергија со употреба на техники од глума, музика, песна, физички и куклен театар. Негуваме хоризонтален пристап, заедничка соработка и одговорност во споделување на знаења и идеи. Водени од потребата за постојано преиспитување на заедничките и личните вредности, веруваме дека уметноста е огледало на секојдневното живеење и основна алатка за спознавање/менување на себе си и околината.