Промоција на книгата „Обескостена“ од Изабел Вери, во издание на „Антолог“, добитник на Европската книжевна награда за 2013 година.
Изабел Вери е белгиска писателка, авторка на три книги. Нејзиното гостување е во склоп на „Bookstar“, првиот фестивал на европската литература во Македонија. Нејзиното творештво се поврзува со темите како еротиката, психологијата, експериментот, европската приказна. Изабел Вери, освен што е авторка на три книги, се занимава и со глума, со музика и со танц, па оние што ќе дојдат на промоцијата ќе имаат можност да се запознаат со делото на еден интересен начин и да уживаат во актерскиот и во музичкиот настап на оваа оригинална писателка. Играла во неколку театри од Франција, Италија, Белгија и В. Британија. Поради своите танчарски и пејачки способности учествувала во мјузикли и во филмови.
Промотор на настанот е писателот Владимир Јанковски, кој, покрај промотивната реч, ќе направи и краток разговор со гостинката (преведувач, Зоран Радически). Делови од романот, заедно со Изабел Вери, ќе чита актерката Јасмина Василева, која ќе биде и водител на настанот. За музичкиот дел е задолжен актерот и музичар Ice Soul Combo, кому ќе му се придружи лично писателката во еден креативен тандем.

Сподели