Идејата на Минден Вернакулар е комуницирање на внатрешниот свет преку истрошување на границите што постојат помеѓу медиумите. Признавајќи ја автентичната битност на секој поединечен медиум, а притоа осознавајќи ја дефинирачката улога на иститот врз содржината, ова дело оди во насока на мултидимензионално отклучување на значењето.

Овој мултимедијален обид започна како поезија на хартија, а продолжи со спријателување на стихот со звук, движење и илустрација кон независно оживување на мртвата природа на напишаниот збор преку дијалогот. Тој дијалог во кој звукот зборува, зборот музицира, танцот слика, а илустрацијата перформира, е дискусија во која од хоризонтално рамниште секој автентичен свет го комуницира своето мислење за материјата рефлектирана во песната. Кон средбата на сите овие јазици се гледа како на помирување на разликите кои постојат помеѓу каналите за пренесување на мислата, при што преостанува уживање на идејата на конкретната лирска творба во сеповрзаноста на присутните медиуми.

На страниците од книгата, идеите се претставени преку писмото на поезијата. Во прилог на оваа збирка се наоѓа CD со експерименталниот дијалог помеѓу музиката и лириката, во кој група песни ја доживуваат својата музичката инкарнација. Овој проект, именуван Дипеив ми, е отсликување на врската помеѓу двата горенаведени медиуми како дел од генералната замисла. Останатите дијалози се изведени во живо, на настанот по повод објавувањето на збирката, или се веќе на некаков начин дел од материјалната верзија на книгава, како на пример дизајнот, илустрацијата и фотографијата. Мултимедијалноста на настанот е овозможена од група на креативци со кои се сретнавме на крстопатот на медиумите, и изненадувачки ентузијастично дискутиравме за идеите, секој на својот јазик, заедно.

———————-

Поговор
Владимир Мартиновски

Звучен инженеринг
Петар Јовановски
(Дипеив ми: Jyjo, Михајло Стојанов, Дину Вангели)

Современа класична композиција
Маријана Јаневска

Кореографија-современ танц
Адријана Данчевска
(учествуваат: Бојана Самарџиска, Фросина Шуман, Jyjo, Стела Поповска и Андријана Андреева)

Дизајн на корица
Михајло Блажески

Фотографија
Ана Лазаревска

Портрет на личност
Милка Ивановска

Сподели